Свет 19. ноември 2019. / 13:42

Тројца ирански полицајци избодени до смрт

Тројца ирански полицајци избодени до смрт

Тројца припадници на иранските безбедносни сили се убиени со ладно оружје од заседа што ја поставиле демонстрантите, јавија двете ирански новински агенции ИСНА и ФАРС.

Поради протестите во Техеран се распоредени припадници на специјалните единици, а исто така и водени топови.

Според официјални податоци од почетокот на немирите поради зголемување на цената на горивото загинаа пет лица.