Најмалку 30 луѓе се повредени во судири меѓу подржувачи и противници на социјалистичкиот претседател, Ево Моралес, што избија во неколку делови од Боловија нешто повеќе од една недела по неговиот реизбор на претседателските избори, што опозицијата не ги признава.
Инциденти се забележани во главниот град Ла Паз, но и во други градови, како Кочабамба и Санта Круз.
Еден човек бил хоспитализиран со прострелна рана во стомакот, а според министерката за здравство, Габриела Монтано, повредениот е во критична состојба. Полицијата соопшти дека трага по човекот што пукал.
Најголем поттикнувач на протестите е главниот противник на Моралес на изборите, Карлос Меса, кој им порача на своите следбеници дека тој „или ќе биде претседател или ќе заврши во затвор“.
Од своја страна, Моралес, кој е припадник на автохтоните народи, ка обвини десничарската опозиција дека се обидува да изврши државен удар и негира дека имало неправилности на изборите..