Свет 09. ноември 2020. / 20:37

Три вакцини против Ковид со ефикасност од над 90 проценти

Три вакцини против Ковид со ефикасност од над 90 проценти

Вакцините против коронавирус развиени од американскиот „Фајзер“ и германски „Бионтек“, како и руската вакцина, кажуваат дека истата е ефикасна во 90 проценти во спречување на инфекцијата со коронавирусот.

Ова го покажуваат првите резултати од тестовите во третата, последна фаза, која е моментално во тек, објавија денеска двете компании, а пренесува Ројтерс.

Големиот процент на оние кои се заштитени ги прави наодите убедливи. Регулаторите рекоа дека ќе одобрат вакцина која е ефикасна само 50 проценти – заштитувајќи половина од оние што ја примаат и вели дека до сега немало сериозни несакани ефекти.

– „Денес е одличен ден за науката и човештвото, првиот сет на резултати од нашето испитување на вакцината против Ковид-19, фаза три, дава првични докази за можноста на нашата вакцина да спречи Ковид-19, рече Алберт Бурла, претседател и извршен директор на „Фајзер“

Покрај германските и американските компании, Руската вакцина Спутник V исто така покажува позитивни сигнали во врска со нејзината ефикасност, објавуваат надлежните.

Руската вакцина Спутник V против коронавирусот е ефикасна повеќе од 90 проценти, изјави денеска директорката на истражувачкиот институт при руското Министерство за здравство, Оксана Драпкина, повикувајќи се на податоците собрани од вакцинацијата на граѓаните, а не врз основа на моменталното испитување.

– Ние сме одговорни за следење на ефикасноста на вакцината Спутник V кај граѓаните кои ја примиле како дел од програмата за масовна вакцинација. Врз основа на нашите согледувања, нејзината ефикасност е исто така поголема од 90 проценти. Појавата на уште една ефикасна вакцина е добра вест за сите, истакна Драпкина.