Еден Саудиец е уапсен во Џеда откако со „остар предмет“ нападнал и навредил стражар кај конзулатот на Франција, јави саудиската државна телевизија, а пренесува Ројтерс.
Француската амбасада по нападот врз конзулатот соопшти дека мета на „нападот со нож“ бил стражарот, кој бил префрлен во болница, како и дека животот не му е во опасност.
Француската амбасада најостро го осудува нападот врз дипломатското претставништво кој со ништо не може да се оправда“, се наведува во соопштението.
Саудиска Арабија во вторникот ги осуди карикатурите со кои, како што сметаат, се навредува муслиманскиот пророк Мухамед, но не се придружи на повиците на другите муслимански земји на акција поради објавените карикатури во Франција, потсетува Ројтерс.