Свет 19. мај 2020. / 09:39

Трамп зема непотврден лек за маларија за да спречи корона вирус

Трамп зема непотврден лек за маларија за да спречи корона вирус

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека повеќе од една седмица зема хидроксихлорокин, лек за маларија, како превентива од новиот коронавирус.

– Го употребувам последната недела. Една таблета секој ден, изјави Трамп.

Тој и претходно ја промовираше употребата на хидроксихлорикинот како евентуален лек за Ковид-19 и покрај предупредувањата на лекарите, пишува БиБиСи.

Ниту едно истражување досега не покажа дека хидроксихлорикинот има позитивен ефект на заразените пациенти, додека американската Агенција за храна и лекови предупреди да не им се дава медикаментот на заразените со новиот коронавирус надвор од болниците и клиничките истражувања.