Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ако се покаже потребно, американската армија ќе се вклучи во изградбата на ѕидот кон Мексико. Според него, ова сценарио е возможно доколку за идејата не добие доволен број гласови во Конгресот.
-Ако демократите не ни дадат гласови за безбедноста на нашата земја, војската ќе го изгради ѕидот, напиша Трамп на „Твитер“ пред средбата со двајца демократи од Конгресот.
Инаку Кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп ќе поднесе барање до Конгресот за воениот буџет за 2019 од 750 милијарди долари. Станува збор за рекордна сума , зголемена за 50 милијарди долари од претходната најава.