Свет 28. ноември 2019. / 22:45

Трамп во ненадејна посета на американските трупи во Авганистан на Денот на благодарноста

Трамп во ненадејна посета на американските трупи во Авганистан на Денот на благодарноста

Американскиот претседател Доналд Трамп беше во ненадејна посета на Авганистан за да помине време со американските трупи на Денот на благодарноста.

Трамп пристигна во воздухопловната база Баграм околу 8.30 часот по локално време и помина повеќе од два и пол часа со војниците.

Пред повеќе од два месецa, американскиот претседател ги прекина мировните преговори со Талибанците, откако во бомбашки напади во Кабул загинаа 12 луѓе, меѓу кои и еден американски војник.

Претседателот и првата дама Меланија Трамп беа во Ирак минатиот Божиќ. Потпретседателот Мајк Пенс, исто така, ги посети американските трупи во Ирак оваа недела.