Свет 29. август 2018. / 10:04

Трамп тврди: Русија не ги хакира мејловите на Хилари, туку Кина

Трамп тврди: Русија не ги хакира мејловите на Хилари, туку Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека Кина ги хакирала мејловите на поранешната претседателска кандидатка Хилари Клинтон.

Тој тоа го напишал на Твитер, пренесува Ројтерс и додава дека за тоа не понудил докази или повеќе информации.

-Мејловите на Хилари Клинтон, од кои многу биле со класифицирани информации, ги хакира Кина. Следниот потег е подобро да биде од ФБИ и ДОЈ или после сите нивни грешки (Коми, Меккејб, Пејџ, ФИСА), нивниот кредибилитет засекогаш ќе исчезне, напиша Трамп на Твитер.

Сојузните американски служби ја обвинија Русија за хакирање на мајловите на Клинтон, за да помогне Трамп да победи на претседателските избори.