Свет 26. ноември 2018. / 15:35

Трамп се закани дека „трајно“ ќе ја затвори границата со Мексико

Трамп се закани дека „трајно“ ќе ја затвори границата со Мексико

Доналд Трамп се закани дека „трајно“ ќе ја затвори американската граница со Мексико.

„Конгресу, финансирај го ЅИДОТ!“, побара утрово американскиот претседател на Твитер.

Во твит утринава претседателот напиша: „Мексико треба да ги врати мигрантите што мавтаат со знамиња, од кои многумина се ладнокрвни криминалци, назад во нивните земји. Со авион, со автобус, направете го тоа како сакате, ама тие НЕ влегуваат во САД. Трајно ќе ја затвориме границата ако треба. Конгресу, финансирај го ЅИДОТ!“

Американските војници им фрлија солзавец на мигрантите што вчера се обидоа илегално да ја преминат американската граница во Тихуана во северозападно Мексико, и ги затворија сите премини на влезниот пункт Сан Диего-Тихуана.

Трамп досега во неколку наврати без докази сугерираше дека мигрантскиот карван е полн со закоравени криминалци. Всушност, повеќето се сиромашни луѓе што бегаат од насилството на бандите или од сиромаштија, вели британски Индипендент.

Градоначалникот на Тихуана, Хуан Мануел Гастелум, во петокот прогласи хуманитарна криза во овој пограничен град со 1,6 милион жители, велејќи дека се мачат да се справат со напливот од мигранти.