Свет 22. ноември 2018. / 20:39

Трамп се закани дека ќе ја затвори границата со Мексико

Трамп се закани дека ќе ја затвори границата со Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани денеска, на Денот на благодарноста, дека ќе ја затвори границата меѓу САД и Мексико на неодреден временски период доколку неговата администрација утврди дека јужниот сосед „ја загубил контролата“ врз својата страна.

Тој истакна и дека на илјадници активни припадници на вооружените сили, кои ги испратил на границата пред изборите кои се одржаа на 6 ноември, им дозволил да употребат смртоносна сила против мигрантите „доколку бидат принудени“.