Американскиот претседател Доналд Трамп најави денеска дека праќа војска на границата со Мексико за да го спречи мигрантскиот бран од Јужна Америка.
,, Ќе ја искористам војската за оваа национална состојба. Ќе бидат запрени. “ , порача Трамп на Твитер. Тој уште во понеделникот и порача на пограничната полиција дека запирањето на мигрантскиот карван составен од неколку илјади бегалци од земјите на централна и јужна Америка, е итен случај од национален интерес.
Националната гарда веќе е на терен од понеделникот и им помага на граничните полицајци во затворањето на јужната граница, а во состојба на подготвеност е и војската , која чека наредба од Министерството за одбрана .