Свет 06. јануари 2021. / 22:25

(ВИДЕО) Трамп повика на мир и побара од демонстрантите да си заминат дома

(ВИДЕО) Трамп повика на мир и побара од демонстрантите да си заминат дома

Во кратко видео обраќање објавено на социјалните мрежи, актуелниот претседател на САД Доналд Трамп, побара од демонстрантите кои влегоа во зградата на Конгресот да заминат.

Тој рече дека мирот треба да надвладее, а редот и законот да бидат воспоставени.

Додаде дека не смее да се дозволи да се игра на начинот на кој нивните противници сакаат, со што се зголемија шпекулациите и теориите на заговор според кои сето ова што се случува е масло на политичките противници да го оцрнат угледот на Трамп и републиканците.