Свет 07. август 2019. / 16:43

Трамп поднесе тужба против Калифорнија

Трамп поднесе тужба против Калифорнија

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба против американската држава Калифорнија поради донесување нов закон, со кој се бара од кандидатите за претседател да објават податоци за плаќање данок на доход.

Во тужбата која во федералниот суд во Сакраменто ја поднелe адвокатите на Трамп, се наведува дека новиот статут, кој минатата недела е додаден во законот, е неуставен затоа што прави нови незаконски правила за тоа кој може да се кандидира за претседателските избори, објави во вторникот Reuters.

Новиот закон предвидува претседателски кандидати да ги објават своите податоци за данок на доход за последните пет години за да можат да се кандидираат во Калифорнија, најнаселената држава во САД.