Свет 03. ноември 2020. / 23:45

Трамп остро против Врховниот Суд!

Трамп остро против Врховниот Суд!

Во своето обраќање до медиумите во Вирџинија, во централната канцеларија на Републиканците, актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, упати жестока критика до Врховниот суд поради одлуката за пребројување на гласовите во Пенсилванија.

Трамп изјави дека резултатите од изборите во Америка треба да бидат познати уште вечерва и дека секое друго сценарио може да доведе до проблеми.

– Мислам дека пресудата за Пенсилванија е несреќна пресуда од Врховниот суд затоа што мислам дека треба да знаеме што се случува уште оваа вечер. Луѓето можат да гласаат рано, но мора да имате бројки. Не можете да ги одложувате тие работи со денови, а можеби и со недели. Едноставно не можете да го правите тоа. Целиот свет е во исчекување.

Трамп исто така изјави дека верува во убедлива победа во Тексас, Флорида и Аризона. Според него, резултатите ќе бидат во негова полза и во Северна Каролина, која важи за една од државите кои лесно би можеле да преминат од „црвени во плави“.

Од друга страна, америанските медиуми истакнуваат дека Бајден држи сигурно водство во клучните држави како Висконсин и Мичиген.

Следете го сајтот на Економски Лидер оваа вечер, со најновите и најактуелните информации во секој момент.