Американскиот претседател, Доналд Трамп потпиша уредба со која се одобрува воведување на санкциите кон земјите и поединци кои се мешале во американските избори.
Советникот за национална безбедност, Џон Болтон и директор на американските разузнавачки служби, Ден Коутс, изјавија дека уредбата е доказ оти безбедноста на изборниот процес е еден од приоритетите на Трамп.
Болтон појасни дека уредбата не се однесува само на мешањето во изборната инфраструктура, туку и на ширењето дезинформации и пропаганда.
Коутс додаде дека уредбата налага разузнавачките агенции да утврдат дали поединец, ентитет или земја се мешале во американските избори, и ако е така, информацијата мора да ја достават во секретаријатите за правосудство и внатрешна безбедност.
Станува збор за процес кој би требало да осигура дека САД прават се што можат за да спречат мешање во нивните избори, да известат што се случува во периодот пред изборите, а потоа и да дадат целосна проценка по гласањето, рече Коутс.
Тој истакна дека уредбата не е посебно насочена кон Русија, а како други можни закани ги наведе Кина, Северна Кореја и Иран.