Свет 06. јануари 2021. / 18:51

Трамп: Не се предаваме, никогаш нема да признаеме пораз

Трамп: Не се предаваме, никогаш нема да признаеме пораз

Американскиот претседател Доналд Трамп во обраќање во Вашингтон пред неговите поддржувачи, истакна дека тој никогаш нема да се предаде и борбата за правда на овие избори ќе ја води до крај.

Илјадници приврзаници на Трамп се собраа на Вашингтон пред седницата на двата дома на Конгресот каде треба да се верификуваат резултатите од изборите за претседател одржани во декември.

Претседателот Трамп на митингот пред неговите приврзаници пред Белата куќа рече дека никогаш нема да признае дека загубил на изборите, во момент кога Конгресот се подготвува да ја потврди победата на Џо Бајден.

– Никогаш нема да се предадеме. Никогаш нема да признаеме, рече Трамп пред десетици илјади негови поддржувачи.

Говорот на Трамп можете да го проследите во живо: