Свет 01. февруари 2019. / 22:26

Трамп: НАТО целосно ја поддржува мојата одлука

Трамп: НАТО целосно ја поддржува мојата одлука

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го потврди американското излегување од нуклеарниот договор со Русија и нагласи дека сојузниците на НАТО целосно ја поддржуваат неговата одлука.

-Утре САД ќе ги прекинат своите обврски според договорот за ИНФ и ќе започнат со процесот на повлекување од договорот за ИНФ, кој ќе биде завршен за шест месеци- рече Трамп.

Тој ја обвини Русија за неусогласеност и рече дека САД ќе се вратат на договорот само ако Москва го уништи она што Вашингтон смета дека е кршење на спогодбата – „ракети, фрлачи и придружна опрема“.

Москва ја осуди одлуката на САД за повлекување од договорот и упати сериозно предупредување.