Претседателот на САД Доналд Трамп кажа дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин следната недела на самитот на Г20 во Јапонија.
Во интервју за Фоск њуз Трамп кажа дека ќе одржи состаноци со Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг. Трамп претходно потврди дека ќе се сретне со Си.
– Сакам да се сложувам со Русија и мислам дека ќе ни успее. Сакам да се сложувам со Кина и мислам дека ќе се сложуваме. Ќе се сретнам со двајцата претседатели следната недела во Јапонија на Г20. – кажа Трамп.