Свет 29. ноември 2019. / 22:30

Трамп на средба со Макрон и Меркел на самитот на НАТО во Лондон

Трамп на средба со Макрон и Меркел на самитот на НАТО во Лондон

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со францускиот колега Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел на маргините на самитот на НАТО во Лондон, следната недела, соопшти денеска Белата куќа.

Самитот во Лондон ќе се одржи во вторник и среда, а предвидено е Трамп да се сретне и со британскиот премиер Борис Џонсон.

Како што пренесуваат светските агенции, самитот ќе се одржи кратко време откако Трамп рече дека некои членки на НАТО издвојуваат многу малку средства за одбрана.