Свет 06. ноември 2019. / 09:38

Трамп му понуди на Мексико воена помош за борбата против нарко-картелите

Трамп му понуди на Мексико воена помош за борбата против нарко-картелите

Американскиот претседател Доналд Трамп и понуди на владата на Мексико помош за водење војна со нарко картели. Понудата на Трамп доаѓа откако девет члена на американско семејство беа убиени во северниот дел на Мексико.

– Ова е време за Мексико, со помош на САД, да води војна со нарко картелите и да ги избрише од лицето на земјата. Ние само чекаме на повик на вашиот голем нов претседател – наведе Трамп на Твитер.


Американскиот претседател додаде дека американската влада е подготвена да се вклучи во борбата и дека за претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопес Обрадор, треба да биде приоритет борбата против нарко картелите.

– Сепак, картелите станаа толку големи и моќни што понекогаш ви треба војска за да ја порази војската – смета Трамп.


Лопес Обрадор се залага за помалку милитаристички пристап кон проблемот и смета дека „фронт-политиката“ што ја водеа неговите претходници доведе до поголемо насилство.