Свет 13. May 2019. / 17:58

Трамп испраќа порака до ЕУ: Орбан добива „ветер во едрата“ пред европските избори?

Трамп испраќа порака до ЕУ: Орбан добива  „ветер во едрата“ пред европските избори?

Денеска во Белата куќа, претседателот на САД, Доналд Трамп ќе оствари историска средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Посетата на Орбан на Вашингтон веќе крена политички ветер во Брисел и во демократските кругови во Вашингтон, но аналитичарите забележуваат дека „Орбан и Трамп имаат што да си кажат и да ја утврдат рамката за соработка“.

Двајцата лидери е предвидено да разговараат за трговијата, енергијата, најверојатно и за продажбата на оружје, а нивните критичари се задржуваат на нивната реторика. И двајцата се против миграцијата.

Аналитичарите забележуваат дека политиките на Трамп и на Орбан честопати оделе спротивно на позициите на ЕУ, а сега се очекува унгарскиот премиер да добие „ветер во едрата“ пред европските избори, но пораката ќе биде испратена и до другите евроскептични и националистички партии или движења.

– Потпирајќи се на старите врски меѓу САД и Унгарија, претседателот и премиерот ќе ги подвлечат областите кои ќе значат продлабочување на соработката меѓу двете земји. – изјави Сара Сендерс, портпаролка на Белата куќа.