Американскиот претседател Доналд Трамп ги укина најновите санкции на САД кон Северна Кореја.
Претседателот на САД , Доналд Трамп објави денеска дека наредил повлекување на новите санкции кон Северна Кореја , кои неодамна ги воведе Министерството за финансии на САД.
,,Денеска е соопштено од Минситерството за финансии дека постоечките санкции кон Северна Кореја се прошируваат со нови. Јас денеска наредив повлекување на тие дополнителни санкции. “ , напиша Трамп на Твитер.