Свет

Трамп допатува во прва официјална посета на Британија

Трамп допатува во прва официјална посета на Британија

Американскиот претседател Доналд Трамп допатува во прва официјална посета на Велика Британија во текот на која ќе се сретне со премиерката Тереза Меј и кралицата Елизабета II. На аеродромот во Лондон, Доналд Трамп и Меланија Трамп, во име на премиерката, ги доечка министерот за меѓународна трговија, Лијам Фокс.

„БиБиСи“ укажува дека Трамп додека одел кон хеликоптерот кој ќе ги однесе до центарот на Лондон, Меланија го држела за рака.

Ова е прва посета на Трамп на Велика Британија, откако станал претседател на САД. Во пресрет на доаѓањето изјавил дека не му сметаат протестите против него во Лондон.

„Мислам дека многу повеќе ме сакаат во Обединетото Кралство, мислам дека се согласуваат со мене по прашањето за миграција…“ – изјавил тој.

Трамп, како што е претходно најавено, денеска ќе присуствува на “вечерата на црните кравати“, чиј домаќин ќе биде британската премиерка во палата Бленхајм во близина на Оксфорд, родното место на Винстон Черчил.

Наредниот ден, Трамп и Меј ќе ја посматраат вежбата на британската војска, а потоа ќе отпатуваат во резиденцијата на премиерката во Бакингемшир, каде ќе имаат билатерални разговори.

Претседателот и првата дама на САД потоа ќе отпатуваат во замокот Виндзор, каде во петок попладне ќе се сретнат со британската кралица.

По завршувањето на турнејата, Трамп и Меланија ќе отпатуваат за Шкотска, каде планираат да поминат викенд, наведува „БиБиСи“.