Свет

Доналд Трамп оди во Лондон, го чекаат демонстрации

Доналд Трамп оди во Лондон, го чекаат демонстрации

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе допатува на 12 јули во посета на Британија, каде ќе се состане со кралицата Елизабета Втора и премиеката Тереза Меј.  Во таа прилика во главно ќе го избегнува Лондон, каде се најавени протести против неговото доаѓање, јави АП.

Според протоколот, Трамп ноќта меѓу четврток и петок ќе ја помине во куќата на американскиот амбасадор во англиската престолнина. Тој во Британија ќе допатува во четврток попладне, заедно со првата дама Меланија Трамп, по самитот во Брисел.

Тие ќе присуствуваат на вечера на „Црните Врски“ чиј домаќин е британската премиерка во палатата Бленхајм во близина на Оксфорд, родното место на Винстон Черчил.

Илјадници луѓе се очекуваат на протести во престолнината на Британија и во Шкотска, каде Трамп ќе замине во петок.