Претседателот на САД Доналд Трамп предупреди дека Америка „економски ќе ја уништат Турција“ доколку Анкара ги нападне курдските сили во Сирија кои се потпомогнати од Вашингтон.
Турција се закани дека ќе ги нападне овие американски сојузници кои се борат против исламската држава.
Анкара пак, на Курдите гледа како на терористи. Во пораката на твитер Трамп исто така ги предупредува курдските сили да не ја провоцираат Турција.
Трамп соопшти дека започнало долго повлекување на американските сили од Сирија.