Свет 27. ноември 2018. / 09:49

Тепачка во Малезија поради храм

Тепачка во Малезија поради храм

Малезиската полиција соопшти дека 21 лице е уапсено поради нереди кои избиле по спор за преместување на индиски храм недалеку од Куала Лумпур.

Тепачката започнала кога група луѓе ги нападнале верниците кои се молеле во храмот Шри Маха Мариаман во централна Малезија. Втората група возвратила со кршење на просториите на градежната фирма MCT Берхад и со палење на возила.

Подружницата на оваа компанија поседува земја на која се наоѓа храм и е вмешана во правен процес околу преместување на 100 години стариот храм.