Властите во Мадрид и на Гибралтар изнесоа различни верзии на инцидентот во кој шпански воен брод им нареди на трговски бродови да го напуштат пристаништето во близина на Гибралтар.
Официјален Мадрид , пак излезе со соопштение дека трговските бродови пловеле во шпански води и дека го напуштиле подрачјето , откако биле контактирани од нивниот воен брод.
Ниту едната страна не наведе чии биле трговските бродови.
Властите во Гибралтар наведуваат дека потегот на Шпанија е детинест и дека нема да ги залашуваат ниту сега , ниту по 29 март , датумот на кој Британија ќе треба да излезе од ЕУ.
Со теснецот Гибралтар управува Британија од 1713 година , иако Шпанија смета дека е дел о нејзината територија.