Свет 18. февруари 2020. / 15:45

Технички проблеми на лондонскиот аеродром „Хитроу“: Откажани десетици летови

Технички проблеми на лондонскиот аеродром „Хитроу“: Откажани десетици летови

Поради технички проблеми на најпрометниот европски аеродром „Хитроу“, сообраќајот и денеска е нарушен како што беше изминатиот викенд.

Откажани се околу 60 слетувања, што претставува речиси 10 проценти од вкупниот број пристигнувања.

Вчера беа откажани 130 летови.

Денеска се откажани летовите на „Бритиш ервејс“, додека вчера беа откажани и летови на други авиокомпании.

На аеродромот е испратен и дополнителен персонал за да им помогне на патниците.