Полицијата во Берлин соопшти дека еден 23 годишен маж го убил деветмесечниот син фрлајќи го од седми кат пред и самиот да скокне.
Според она што го велат надлежните „мажот имал психолошки проблеми“.
Полицијата ја известиле минувачи кои го нашле телото на мажот и деветмесечното бебе касно синоќа во берлинскиот кварт Фридрихсфелде.
Во моментите на трагедијата мајката не била присутна, а како што наведува АП сега на неа и укажуваат психолошка помош.