Свет 23. декември 2019. / 11:47

Судот на Саудиска Арабија осуди пет лица на смрт за убиството на новинарот Кашоги

Судот на Саудиска Арабија осуди пет лица на смрт за убиството на новинарот Кашоги

Судот во Саудиска Арабија осуди пет лица на смрт за убиството на новинарот Џамал Кашоги, што минатата година беше извршено во конзулатот на кралството во Истанбул од страна на тим саудиски агенти.

Саудискиот јавен обвинител соопшти дека убиството било резултат на „неодобрена операција“ и покрена судење на 11 неименувани лица.

Еден експерт на ООН заклучи дека станува збор за „неодобрено погубување“.

Специјалниот известувач Агнес Каламард повика саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман да биде истражен за убиството. Престолонаследникот негираше каква било вмешаност, но во октомври рече дека како саудиски лидер презема целосна одговорност.

Кашоги важеше за истакнат критичар на саудиската влада.