Свет 28. октомври 2019. / 16:21

Стотици луѓе во Каталонија чекаат пред судовите за да признаат вина за референдумот за независност

Стотици луѓе во Каталонија чекаат пред судовите за да признаат вина за референдумот за независност

Стотици луѓе стојат во редови пред судовите во Каталонија за доброволно да се пријават како виновни поради организирање и учество во реерендумот за независност  од 2017 година, што е дел од новата протесна кампања со која заговорниците за независност се обидуваат да предизвикаат колапс на судовите во таа покраина на Шпанија.

Граѓанската органзација „Омниум Културал“, чиј лидер, Жорди Куиксарт е осуден на девет години затвор, ги повика демонстрантите да почнат да се пријавуваат за виновни и пред судовите им дели формулари. Граѓаните со пополнети формулари стојат мирно во редови за да ги предадат документите во судовите во најголемите каталонски градови, Барселона, Љерида, Џирона и Тарагона.

– Ако демонстрирањето, изразувањето и гласањето се казниво дело, тогаш сите сме виновни. Ова е потег на солидарност и достоинство – соопштија од „Омниум Културал“.

Организацијата ги објави формуларите на својата интернет страница во петокот, а досега ги преземале повеќе од 10 илјади луѓе.

Поради големиот број граѓани што се пријавуваат, Високиот суд на правдата во Каталонија го ограничи примањето пријави за вина на 25 дневно, за судовите да не бидат блокирани од големиот број на пријави што мора да бидат обработени и за кои треба да се поведат случаи. Поради тоа, во Барсеона се примаат такви пријави само во периодот од 7.30 до 8.45 часот наутро.

– Редовите се непрегледни. Граѓаните постојано доаѓаат за да се пријават како виновни – изјави Масел Маури, потпретседателот на „Омниум Културал“ пред еден од судовите.

Врховниот суд во Мадрид пред две недели изрече пресуди за 12 каталонски функционери коишто во 2017 година го организираа референдумот за независност на Каталонија, а потоа прогласија република Каталонија која не заживеа во . Уставниот суд претходно забрани одржување референдум. Деветмина од обвинетите беа осудени на затворски казни од девет од 13 години.

По изрекувањето на тие пресуди уследија улични протести на приврзаниците на каталонската независност со барања за ослободување на осудените. Во текот на протестите дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата при што се повредени околу 650 луѓе.

На забранетиот референдум за независност во 2017 година гласаа 2,2 милиони жители на Каталонија.