Свет 04. јануари 2019. / 16:58

Столтенберг со последно предупредување до Москва: Или почитувајте ги договорите или ќе имате голем проблем

Столтенберг со последно предупредување до Москва: Или почитувајте ги договорите или ќе имате голем проблем

Генералниот секретар на НАТО порача дека Русија ја има последната шанса да се врати на реализацијата на Договорот за ликвидација на ракети од среден и краток домет до февруари.

-Нема да нагаѓам колкава е веројатноста Русија да се врати кон почитувањето на Договорот за ликвидација на ракети од среден и краток домет. Важно е дека тоа е последната шанса за Русија-изјави Јенс Столтенберг и додаде:

-Ако не се вратат кон почитувањето на договорот, ќе имаме голем проблем, затоа што во тој случај договорот ќе се распадне- изјави генералниот секретар на најмоќниот воен сојуз на светот, Јенс Столтенберг.

Москва и Вашингтон во изминатите неколку години често меѓусебно се обвинуваат за прекршување на одредбите од Договорот за ликвидација на ракетите од среден и краток домет. Русите во неколку наврати порачаа дека го почитуваат договорот, додека пак Американците се убедени дека Москва лаже.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна порача дека Соединетите Американски Држави и дефинитивно ќе се повлечат од Договорот за ликвидација на ракети од среден и краток домет.