Свет 26. октомври 2018. / 14:21

Средба НАТО-Русија за нуклеарниот договор

Средба НАТО-Русија за нуклеарниот договор

Советот НАТО-Русија ќе се состане на 31 октомври на амбасадорско ниво за разговори околу нуклеарниот договор за ракети од среден дострел, за кој Русија е обвинета дека го прекршува. Средбата ќе се одржи само неколку дена по најголемите воени вежби на НАТО по Студената војна во близина на западната граница на Русија.

Ова ќе биде осма средба на Советот НАТО-Русија во последните две години. Советот НАТО-Русија беше етаблиран во 2002 како платформа за дијалог меѓу двете страни, но неговата работа речиси целосно се замрзна во 2014 со почетокот на војната во Украина. НАТО ја суспендираше соработката со Москва, обвинета за нелегална анексија на Крим.

Средбата в среда ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел.