На снимката јасно е прикажано необично и досега необјаснето однесување на маж, како налетува на полицајци пред да го запрат.
Полицијата вчера го опколи подрачјето околу Берлинската катедрала по што еден полицаец пукал во ногата на 53-годишниот Австриец. Полицијата ја повикале вработените во катедралата, бидејќи забележале дека човекот со нож во рака почнал да се однесува агресивно и им се заканувал на останатите. Во катедралата во тој момент имало стотина лица. При интервенцијата ранет е и еден полицаец, кој заедно со напаѓачот е превезен во болница.