Маж е осомничен дека намерно вчеравечер со камион прегазил демонстрант од „Жолтите елеци” , кој починал на самото место.
Со помош на регистерските таблички на камионот , кои ги посочиле сведоците ,полицијата влегла во трага на компанија од Тилбург, во Холандија, од каде го идентификувале возачот.
По него е издадена европска потерница. Не е можно возачот да не го видел двете лица , кои се обидувале да го спречат камиониот да помине.
Драмата се случила на автопатот Е25 во местото Визе во насока кон Мастрихт. Наместо да запре, камионот забрзал и го прегазил 49 годишниот демонстрант Роже Бароле.
-Роже му викаше застани , застани , но возачот забрза и го прегази. Тоа е убиство, вели жена која била очевидец на местото во изјава за белгиските медиуми.
Ова е прв смртен случај на белгиски „Жолти елеци” од почетокот на протестите кон средината на ноември минатата година.