Лидерот на турската ултра националистичка Партија на Големиот сојуз, Мустафа Дестиџи, кој е коалициски партнер на Партијата на Правдата и развојот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најави дека ќе предложи враќање на смртната казна во Турција, која беше укината во 2002 година.
Ќе го доставиме нашиот предлог за смртната казна до парламентот. ќе го доставиме до пратеничките групи на четирите (парламентарни) партии и ќе побараме поддршка од нив, изјави Дестинџи, додавајќи дека доколку ББП не добие поддршка за ваквата идеја од останатите партии, тогаш ќе иницира распишување референдум за ова прашање.