Свет 24. октомври 2019. / 10:29

Смртна казна за 16 лица осудени поради убиство на девојка во Бангладеш

Смртна казна за 16 лица осудени поради убиство на девојка во Бангладеш

Судот во Бангладеш осуди 16 лица на смртна казна поради убиство на 19-годишна девојка.

Таа беше жива запалена откако пријавила сексуално вознемирување.

Судењето во дистриктот Фени, југоисточен Бангладеш, траеше од јуни, а помеѓу осудените се и учителот на убиената девојка и тројца нејзини другари од медресата.