Свет 10. ноември 2020. / 13:17

Словенскиот министер нуди оставка заради двојно зголемениот број на заразени – македонскиот бега од одговорност

Словенскиот министер нуди оставка заради двојно зголемениот број на заразени – македонскиот бега од одговорност

Во Словенија во изминатите 24 часа се направени 4.457 тестови од кои потврдени се 1.048 нови случаи на заразени со коронавирусот, што е рекорд за разлика од минатите денови, објавува хрватскиот портал Индекс.

Процентот на позитивни тестови и понатаму е околу 24 проценти поради што вчера претставници на владата изразија оптимизам дека пикот на вториот бран веќе поминал, со оглед на бројот на хоспитализирани лица.

Сепак владата според словенските медиуми наместо да ги олабави мерките треба да ги заостри, особено на тоа повика и министерот за здравство кој се закани доколку не дојде до тоа ќе поднесе оставка.

Како што вчера објавила словенечката телевизија ПОП-ТВ, во заострените мерки доколку не се склучи ограничување во продавниците и трговијата, министерот за здравство Томаж Гантар понудил дури и оставка, а тоа го потенцирал особено доколку дојде до попуштање на мерките.

Како за пример во Македонија ниту министерот за здравство во моментов нуди решенија за црните бројки, ниту пак Комисијата за здравство предлага рестрикции се со цел да не се шири вирусот, а најмалку Филипче најавува оставка поради неспособноста.