Свет 02. јули 2019. / 10:09

Слеп патник испаднал од авион

Слеп патник испаднал од авион

Слеп патник испаднал од авион, а потоа бил најден во градина во Лондон. Инаку авионот е во сопственост на компанијата „Кенија Ервејс“.

Човекот испаднал непосредно пред слетувањето на аеродромот Хитроу.

Телото е пронајдено завчера, а инспекторите претпоставуваат дека се работи за слеп патник. Во кенискиот авион е пронајдена торба со вода и храна, кои не припаѓале никому.

Во соопштението, полицијата наведува дека телото е испратено на обдукција. Случајот засега не се води како убиство, но можно е човекот да починал пред да падне од авионот.

Компанијата „Кенија ервејз“ соопшти дека авионот нема никакви оштетувања.