Два падобранци загинаа во страшна несреќа која се случи во воздух.
За време на падот, двајца мажи со падобраните се испреплетиле во воздухот.
Инаку станува збор за двајца Руси, Рушан Сибгатулин и Олег Шелаков, кои биле дел од рутински групен скок.
Нажалост, нешто што требало да биде обичен скок, се претвори во трагедија.
Еден од нив загинал при пад на тлото, а другиот починал во болница неколку часа подоцна.
Нивните последни моменти се снимени.