Како што пренесуваат германските медиуми, неодамна бил продаден лаптоп кој содржел тајни информации на германската армија. На хард дискот на лаптопот не биле избришани тајните оперативни инструкции за лансирна ракетна рампа означени како „доверливи информации – само за службена употреба“.
Од германското Министерство за одбрана соопштија дека сепак од упатствата за ракетната рампа не може да се добие „никаков пресуден увид во технологијата“. Лаптопот бил купен од страна на баварски шумар минатата година, од организација која продава користени владини компјутери, преку сајтот “eBay”.
Еден од компјутерите имал инсталиран оперативен систем и ако името на последниот корисник се напишело како лозинка, лаптопот се отклучувал. Шумарот во март го известил германското Министерство за лаптопот и тајните информации.
Од Министерството за одбрана објавија дека после пријавата на шумарот била отворена „сериозна истрага“ за користењето на старата ИТ опрема, по што било утврдено дека во 2016-та година уште еден лаптоп со неизбришан хард диск бил продаден на истиот начин.
Од германското Министерство исто така објасниле дека не е можно да се утврди дали и во тој случај имало чувствителни информации на лаптопот.