Свет 15. ноември 2019. / 11:56

Скандал со вакцини: Уапсен заменик директор на Агенција за храна

Скандал со вакцини: Уапсен заменик директор на Агенција за храна

Поранешен заменик директор на кинеската Агенција за храна и лекови е осуден на 16 години затвор за вмешаност во скандал со вакцини, објави државната телевизија.

Ву е еден од високите службеници во Агенцијата  против кого е водена истрага поради  скандалот со произведувачот на  вакцини Чангшенг Биотехнологија.

Минатата година компанијата беше обвинета за фалсификување на податоците за вакцини против беснило и дека произведувала   неефикасни вакцини за бебиња, предизвикувајќи широка осуда на јавноста.