Свет 18. септември 2019. / 22:38

Скандал ја тресе Шпанија: Даночна службеничка украла 6,2 милиони евра од сметките на 38 врвни спортисти

Скандал ја тресе Шпанија: Даночна службеничка украла 6,2 милиони евра од сметките на 38 врвни спортисти

Вработена на висока позиција во даночната управа на Шпанија и уште три лица успеале да ги земат податоците на 38 врвни спортисти и од нивните сметки да украдат 6,2 милиони евра.

Вработената во даночната управа преку лажиран поврат на ДДВ , незаконски присвоиле 6,2 милиони евра. Меѓу спортистите има и репрезентативци од регионот, како поранешниот хрватски кошаркар Донтаје Дрејпер, босданскиот фудбалер Емир Спахиќ и словенечкиот кошаркар, Мирза Бегиќ.

Најмногу е оштетен турскиот интернациоанлен фудбалер Нури Шахин , од кого се украдени 1.212.158 евра , за периодот додека играл во Реал Мадрид.

Ова е наведено во обвинението на 26 страници. Вработената Леонор Санчез-Кабаљеро е обвинета дека во соработка со тројца мажи , од кои двајцата адвокати , ги искористила доверливите податоци , врз основа на кои тие фалсификувале документи , потписи на спортистите и налози за испалта во периодот од февруари 2015 до ноември 2016 година.

Барањето за поврат на данок било испратено преку две компании , на кои даночната служба им ги исплатила парите. И тие се обвинети за соучесништво во измамата.

Се побаруваше враќање на данок во име на повеќе фудбалери и кошаркари кои играа во шпанските клубови, за што тие не знаеја – се вели во обвинението, наведувајќи 38 примери на претежно странски спортисти.

Обвинетите се соочуваат со затворска казна од девет до 11 години.