Свет 26. септември 2018. / 11:40

Сите полицајци во Акапулко разоружани поради сомнеж дека работеле за картелите

Сите полицајци во Акапулко разоружани поради сомнеж дека работеле за картелите

Мексиканските власти ги разоружаа сите полицајци во градот Акапулко поради сомнеж дека во полицијата се инфилтрирале припадници на локалните наркокартели. Наредено е и апсење на двајца високи полициски команданти од Акапулко поради сомнеж дека учествувале во убиство.

– Постои сомнеж дека во полициските сили дејствуваат криминални групи и дека тоа доведе до целосна неактивност во борбата против криминалот, соопштија мексинските власти.

Како привремена мерка, во пристанишниот град познат по високата стапка на убиства ќе бидат распоредени војници и маринци, кои ќе се грижат за безбедноста. Досегашните полицајци, на кои им е одземено оружјето и опремата, ќе бидат сослушувани и ќе се испитуваат нивните евентуални криминални врски.