Свет 18. јуни 2018. / 16:02

Силниот земјотрес направи хаос во Јапонија – еве што остана после него (ФОТО)

Силниот земјотрес направи хаос во Јапонија – еве што остана после него (ФОТО)

Најмалку три лица загинаа, од кои едно деветгодишно девојче, а повеќе од 200 луѓе се повредени во силен земјотрес што го потресе јапонскиот град Осака, јавија локалните медиуми.

Потресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во 23 часот во Гринич.

Не е издадено предупредување за цунами, а се известува за помали материјални штети и пожари во неколку згради.

Објектите за нуклеарна енергија не се оштетени, соопшти енергетската компанија „Кансаи електрик пауер“.