Свет 09. февруари 2020. / 12:40

Силен земјотрес во Папуа Нова Гвинеја, засега нема предупредување за Цунами

Силен земјотрес во Папуа Нова Гвинеја, засега нема предупредување за Цунами

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала погоди област на 122 километри јужно од Кокопоа, во Папуа Нова Гвинеја, соопшти Американскиот геолошки институт.

Потресот бил регистриран на длабочина од 31,3 километри, пренесоа британските медиуми.

Првично нема издадено предупредување за Цунами.