Свет 24. мај 2020. / 17:57

Силен земјотрес во Атлантскиот Океан, првично нема цунами

Силен земјотрес во Атлантскиот Океан, првично нема цунами

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтерова скала е регистриран во Атлантскиот Океан.

Како што соопшти Геолошкиот завод на САД, најблиското населено место од сеизмичката активност е островот Света Елена, кој е лоциран речиси меѓу Африка и Јужна Америка.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту за можна опасност од цунами.

Епицентарот на потресот се наоѓал на повеќе од 900 километри од најблиските населени места.