Посилен земјотрес вечерва го погоди југот на Италија. Земјотресот се случил во 21:27 часот, пишува Канал5.
Според ЕМСЦ, јачината на земјотресот била 4,6 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 94 километри југозападно од Камерина на Сицилија.
Длабочината на земјотресот се проценува на 13 километри.
–Се чувствуваше и на Малта две секунди, но доста силно. Каучот ми се тресеше. Мојата куќа се тресеше. Беше силно и долго, известуваат луѓето на веб-страницата на ЕМСЦ.