Свет 22. јули 2018. / 10:15

Силен земјотрес утринава го погоди Иран

Силен земјотрес утринава го погоди Иран

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени утринава го погоди јужниот регион на Иран, јавува Anadolu Agency (AA).

Центарот за сеизмологија при Универзитетот во Техеран соопшти дека епицентарот на потресот е регистриран во гратчето Рујдер, во јужната иранска покраина Хормозган.

Епицентарот е регистриран на длабочина од 8 километри, а потресот предизвика паника во повеќе јужни градови од оваа земја.

Потресот се случи во 09:37 часот по локално време, а кон загрозените подрачја се упатени бројни противпожарни, медицински и спасувачки екипи.

Досега нема информации за настрадани лица.