Свет 18. јануари 2020. / 22:24

Силен земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди Индонезија

Силен земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди Индонезија

Силен земјотрес со јачина од 6 степени денес ја погоди најисточната провинција во Индонезија, Папуa, соопшти американската служба за геолошки надзор.

Епицентарот на земјотресот бил на 141 километар западно од градот Абепура, на длабочина од 33,6 километри, се наведува во соопштението.

Индонезискиот центар за земјотреси и цунами соопштил дека земјотресот не може да предизвика цунами затоа што се случил во внатрешноста на земјата, но ги предупредиле граѓаните да избегнуваат брда поради можно лизгање на земјиштето. За сега нема извештаи за штета или повредени.